EKOBET AKRIL
Акрилна дисперзија за бетонски зидови
ECOBET AKRIL е акрилна боја за заштита на бетон која се карактеризира со одлична водоотпорност, добра покривна моќ, отпорност на UV зрачење и временски влијанија. Ја штити бетонската површина од абење и од прашина и дава поубав изглед. Се сврстува во еколошки зидни боји кои не се штетни по здравјето на луѓето и за животната средна.
Припрема и Нанесување:Бетонот на која се нанесува бојата мора да биде чист и сув, без слабо врзани делови и масни дамки и сл. Бетонот пред нанесување да се премачка со ECOAKRIL подлога, во иста нијанса како нијансата на ECOBET AKRIL.
Пред нанесување масата добро да се промеша и по потреба да се разреди со околу 5 % вода со постојано мешање. Бојата се нанесува со валјак,четка или машински, најчесто во два слоја, така што вториот слој се нанесува после 4-6 h сушење.
Потребно е да се работи равномерно без прекин.Да не се работи дирекно на сонце,ветар или дожд.
Потрошувачка: Зависи од квалитетот на подлогата, впивањето и рапавоста,временските услови и обученоста на изведувачот. За два слоја на премаз изнесува околу 0,30-0,40 kg/m2 во два слоја. Рок на траење: 12 месеци во оргинална амбалажа на температура од +5 ºC do +25 ºC.
Пакување: 5 kg/25kg