EKO HIDROELASTIK
EKO HIDROELASTIK (A+B)
ДВОКОМПОНЕНТНА ФЛЕКСИБИЛНА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА
ОСОБИНИ: ЕКО ХИДРОЕЛАСТИК е еластична 2K маса изработена на основа на цемент подобрена со водоодбивни, водонепропустни и алкално отпорни полимери, збогатена со посебни адитиви за хидроизолација.
ПРИМЕНА: Се употребува за заштита на објектите од појава на капиларна влага, продор на вода под притисок . Се препорачува за хидроизолација на кујни, купатила, подруми и подрумски простории, базени за пливање, тераси, односно сите површини кои се изложени на атмосферски влијанија и свитливи напрегања.
ПРИПРЕМА И НАНЕСУВАЊЕ: Површината мора да биде носивно способна, чиста и без слабо врзани делови, прашина, водорастворливи соли, масти и останата нечистотија.
Бетонските површини, цементните кошулки и малтерот мора да бидат стари најмалку 28 дена.
Големите вдлабнувања и оштетените елементи, претходно треба да се пополнат со EKOFIX W25 лепилото за керамички плочки или со репаратурен малтер. Содржината од една вреќичка (компонента А) од 5kg постепено се додава во 2kg течност (компонента Б) со постојано мешање, до добивање на хомогена маса погодна за нанесување со четка. Вака припремената маса е спремна за вградување и мора да се потроши во рок од 1 час. Минимална дебелина на единечниот слој е 0.7mm, а максималната 2mm.
По изолираната површина можно е да се оди по 3 дена. Кермичките плочки може да се поставуваат од 3 до 5 дена, зависно од дебелината на слојот и климатските услови.
РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА: Оптималната работна температура е од +10°C до +30°C.
ПОТРОШУВАЧКА: ≈1.8kg/m², во зависност од рапавоста и впивливоста на површините
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ: 12 месеци .Да се чува во затворена и неоштетена амбалажа, во сува и проветрена просторија. Tемпература од +5°C до +25°C, заштитено од директна сончева светлина.
ПАКУВАЊЕ: 7 И 14kg