Skip to content

EKOBET AKRIL

Акрилна дисперзија за бетонски  зидови

ECOBET AKRIL е акрилна боја за заштита на бетон која се карактеризира со одлична водоотпорност, добра покривна моќ, отпорност на  UV зрачење и временски влијанија. Ја штити бетонската површина од абење и од прашина и дава поубав изглед. Се сврстува  во еколошки зидни боји кои не се штетни по здравјето на луѓето и за животната средна.

Припрема и Нанесување:Бетонот на која се нанесува бојата мора да биде  чист и сув, без слабо врзани делови и масни дамки и сл. Бетонот пред нанесување да се премачка со ECOAKRIL подлога, во иста нијанса како нијансата на ECOBET  AKRIL.

Пред  нанесување масата добро да се промеша и по потреба да се разреди со околу 5 % вода со постојано мешање. Бојата се нанесува со валјак,четка или машински, најчесто во два слоја, така што вториот слој се нанесува  после 4-6 h сушење.

Потребно е да се работи равномерно без прекин.Да не се работи дирекно на сонце,ветар или дожд.

Потрошувачка: Зависи од квалитетот на подлогата, впивањето и рапавоста,временските услови и обученоста на изведувачот. За два слоја на премаз изнесува околу 0,30-0,40 kg/m2  во два слоја. Рок на траење: 12 месеци  во оргинална амбалажа на температура од +5 ºC do +25 ºC.

Пакување: 5 kg/25kg