Skip to content

Рудници со сепарација

Компанијата располага со сепарација и три свои руднци и тоа:

Рудник ,,БАБИНДОЛ,, М. Брод  за експлатација на Доломит
Рудник ,,РАМНЕ,, М.Брод за експлатација на Калцит.
Рудник ,,ЦРН КАМЕН,, М. Брод за експлатација на Црн Мермер.

Во областа на рударство врши: дупчење, минирање, утовар и транспорт во сопствените рудници.

СЕПАРАЦИЈА ,,БАБИНДОЛ”

РУДПРОИНГ  располага со сопствена сепарација со капацитет од 100.000 т/год. која се наоѓа во Бабиндол, во непосредна близина до фабриките.  Во сепарацијата се врши дробење и класирање на суровините од нашите рудници. Од сепарацијата во Бабиндол добиените гранулации се користат во нашата фабрика. Во погонот за мелење и во погонот за микронизација, како и за продажба на пазарот како фракции за правење на бетон и бетонски елементи. На сепарација се класираат следниве гранулации:

Гранулат: + 0,00-4,00мм;

Гранулат: +4,00-8,00мм;

Гранулат: + 8,00-16,00мм;

Гранулат: +16,00-32,00мм.

Гранулат: +32,00-70,00мм.

Сепариран Тампон: +0.00-70.00мм.

Сепариран Тампон: +0.00-100.00мм.

Години
Постоење

25

,,РУДПРОИНГ,, ДООЕЛ е компанија во приватна сопственост, која успешно се развива и постои 25 години.
Преку континуиран и динамичен развој, минувајќи низ сите етапи израсна во значајно претпријатие за експлатација, преработка на неметални минерални суровини и производство на материјали за завршни работи во градежништвото.