ЕКО ХИДРОФЛЕКС – ЕЛАСТИЧНА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА ВРЗ АКРИЛАТНА ОСНОВА

//ЕКО ХИДРОФЛЕКС – ЕЛАСТИЧНА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА ВРЗ АКРИЛАТНА ОСНОВА

ЕКО ХИДРОФЛЕКС – ЕЛАСТИЧНА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА ВРЗ АКРИЛАТНА ОСНОВА

ПРИМЕНА: Готова хидроизолациона смеса на акрилатна основа за изведба
на еластична хидроизолација на вкопани подземни делови на објекти, тераси,
балкони, кујни, санитарни јазли, непроодни покривни тераси.
Кај подлоги кај кои се очекуваат деформации и појава на пукнатини, ЕКО ХИДРОФЛЕКС
може да се армира со мрежичка од безалкално стаклено влакно .
ПРИПРЕМА И НАНЕСУВАЊЕ: Површината на која се нанесдува ЕКО ХИДРОФЛЕКС мора да
биде цврста, чиста и одпрашена. Пукнатините на површината да се исполнат со армирана
флексибилна исполна.Потребно е да се изврши премачкување на површината со ЕКО ПРАЈМЕР СА20
разреден со вода во однос 1 : 1 , а после тоа се нанесува неразреден ЕКО ХИДРОФЛЕКС.
Препорачливо е да се изврши армирање на премазот со втиснување на мрежица од стаклени
влакна додека првиот слој е сеуште неисушен. После потполното сушење на првиот слој (мин. 12ч)
се нанесува вториот слој, а по потреба се нанесува и трет слој. Временскиот период помеѓу
нанесувањето на слоевите треба да изнесува 12 ч.
ТЕМПЕРАТУРА НА ВГРАДУВАЊЕ: Од +5 ºC do +30 ºC. Пред потполно да се стврдне премазот треба
да се заштити од диркно влијание на дожд, брзо сушење и мраз.
РОК НА УПОТРЕБА: 12 месеци во оргинална амбалажа.
СКЛАДИРАЊЕ: На температура од +5 do +25,заштитена од сончева светлина и смрзнување.
БОЈА: Сива
ПОТРОШУВАЧКА: Околу 0,7 kg/m2 зависно од рапавоста на површината.
ПАКУВАЊЕ: 10kg..

Категорија: